Објавен нацртот на грчкиот „ковид-пасош“ што Мицотакис го пратил во Брисел

Од:

Лични податоци, податоци за примената вакцина, како и QR-код, содржи нацрт сертификатот изработен од грчките власти, што премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис денеска го испрати заедно со дописот до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, но и до шефовите на државите на Унијата.

Сертификатот за вакцинација за слободно движење на граѓаните што Грција го предлага до Унијата е на грчки и англиски јазик и освен лични податоци, го вклучува и датумот кога е примена првата и втората доза, видот на вакцината, како и потврда дека лицето е успешно вакцинирано против Ковид-19.

Грчкиот премиер претходно ѝ предложи на ЕУ да усвои стандардизиран сертификат за вакцинација за слободно движење на граѓаните кои веќе се вакцинирани, а како пример го испрати конкретниот нацрт сертификат за кој напиша дека ќе се користи за сите превозни средства, воздушни, морски и железнички.

Во писмото Мицотакис објаснува дека вакцинацијата нема да биде задолжителна или предуслов за патување, „но лицата кои се вакцинирани би требало да патуваат слободно“.

Би можело да ве интересира

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски