Синоќа имало обид за убиство во Јужна Митровица, кога две лица испукале неколку истрели кон маж кој возел автомобил, пренесува Газета експрес.
Како што соопшти косовската полиција, пукањето се случило на улицата Шабан Палужа.
„Автомобилот на жртвата бил погоден со два куршуми. Еден од осомничените бил уапсен од полицијата, а кај него било пронајдено оружје од кое наводно се пукало. Другиот напаѓач е во бегство“, се вели во соопштението.
Со одлука на обвинителството на уапсениот осомничен му е одредена мерка притвор.