Обама: Од дијалогот Приштина- Белград корист ќе имаат сите граѓани на Косово и целиот регион

Од:

Од дијалогот меѓу Приштина и Белград полза ќе имаат сите граѓани на Косово и целиот регион, оцени претседателот на САД, Барак Обама.

Обама ова го напиша во телеграмата со која на косовскиот претседател Атифете Јахјага и ја честиташа петгодишнината од независноста на Косово, соопштија српските медиуми.

Заедно со поздравите за постигнатиот напредок и за укинувањето на набљудуваната независност, Обама посочува дека пред Косово предстои многу работа што треба да се заврши.

„Ви ги испраќам моите најсрдечни поздрави на Вас и на народот на Косово по повод петата годишнина од независноста на Вашата држава. Вашата земја повлече историски чекори за завршување на набљудуваната независност“, се наведува во телеграмата на Обама.

Во неа се истакнува дека Косово постигна напредок во консолидирањето на демократските институции, зацврстувањето на правниот поредок и економијата и развојот на толерантна мултинационална држава. Исто така, е постигнат напредок во дијалогот со Србија, што води напред кон нормализирање на односите и од кој полза ќе имаат сите граѓани на Косово, Вашите соседи и целиот регион, изјави претседателот на САД.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски