Регионот на Петриња утрово повторно се затресе. Хрватската сеизмолошка опсерваторија потврди за земјотрес со јачина од 3.8 степени по Рихтер. Епицентарот бил на три километри југозападно од Сисак и на длабочина од два километри.
#potres (#earthquake) 5.2.2021. u 09:03 kod Petrinje, M3.8: https://t.co/NtGeQKHpch. Ako ste osjetili potres, molimo javite na https://t.co/E7EOdDpWtn
— Seizmološka služba HR (@seizmo_hr) February 5, 2021
Според сведочењата на локалните жители земјотресот се почувствувал силно и траел реалтивно долго. Ова е деветти потрес кој е почувствуван на територијата на Хрватска во последните 67 часа.