Новости: Вучиќ за Бадник и Божик на Хиландар

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Бадник и Божиќ ќе ги помине во Хиландар, пренесуваат „Новости“ и наведуваат дека ова ќе биде прва официјална посета на еден претседател на Србија на овој српскиот манастир на Света Гора во последните две децении.

Според информациите на „Новости“, Вучиќ ќе присуствува на Бадниковата вечера и на свечената богослужба во два часот по полноќ, како и на Божиќната литургија и ќе им оддаде почит на светите реликивии на познатата Хиландарска ризница.

Предвиден е и разговор со игуменот на царската лавра Методиј, кој ќе го запознае со животот на монасите и динамиката на работите за обнова на светилиштето кое беше оштетено во пожарот во 2004 година, кога пожарот зафати половина од манастирскиот комплекс.

Пред претседателот Вучиќ, Хиландар го има посетено неговиот претходник, Томислав Николиќ, но во приватна посета и Воислав Коштуница како премиер во 2006 година.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања