Ново труење во фабриката „Магна“ во Алексинац: Уште 57 работници барале лекарска помош

Од:

Уште 57 работници на фабриката „Магна“ во Алексинац синоќа побарала помош од лекар од итна помош поради труење, потврдил за агенцијата Бета началникот на итната помош во Алексинац, Ненад Марковиќ.

„Од вкупниот број работници кои не контактираа, петмина испративме во интерното одделение на болницата во Алексинац, а еден од нив е пренесен на токсиколошкиот оддел во Клиничкиот центар во Ниш“, изјави Марковиќ.

Според Марковиќ, тие се работници од трета смена во фабриката Алексинац.

„Работниците почнаа да доаѓаат во Итната помош нешто пред полноќ…Од утрово немаме нови приеми“, изјави Марковиќ.

Поради труење на 104 работници во втора смена во средата попладне, „Магна“ до синоќа беше затворена.

Производството почна во третата смена, откако полицијата по наредба на Основното јавно обвинителство Алексинац ја заврши истрагата.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он