Ново писмо на словенечките интелектуалци против „авторитарната“ власт на Јанша

Од:

Со ново, трето писмо испратено до словенечката јавност, интелектуалци од лево-либерална оринетација, поголемиот број универзитетски професори, а некои и поранешни министри, предупредуваат на „авторитаризамот“ и недемократска практика на владејачката коалиција предводена од премиерот Јанез Јанша.

Во писмото, објавено во љубљанскиот весник Дело, тие потсетуваат дека повеќе пати предупредувале на недомократски и авторитарни пракси на актуелната десничарска Влада и на премиерот и неговата партија, но оти досега немало одѕив во политиката.

– Наместо ефикасно решавање на здравствената криза, премиерот, неговата партија и владејачката коалиција ја водат Словенија во авторитарно контролирано општество со ширење и поттикнување на говор на омраза, потоа ги кријат договорите од јавноста. Не очекуваме дека власта ќе се извини и ќе ги промени своите постапки бидејќи очигледно нејзините постапки се наменети за присвојување на власта и да ја претворат Словенија во недемократско и авторитарно општество, се наведува во писмото на Сојузот за демократска и праведна Словенија.

Интелектуалците наведуваат дека е потребно „да се запрe злоупотребата на епидемијата поради забрзаната реализација на идеолошките и партиски мотивираните владини проекти“. Тие, исто така посочуваат дека од нивното обраќање во ноември минатата година речиси 12.000 луѓе и над 50 здруженија, организации и друштва се потпишале за нивната иницијатива.

Во писмото се повторуваат обвинувањата на сметка на Јанша и неговата партија дека „шират и поттикнуваат“ говор на омраза, со што Словенија се приближува кон „илибералните“ режими во Средна и Источна Европа, дека се напаѓаат независните новинари и невладините организации, а тоа најмногу го прави премиерот со своите нетолерантни објави на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија