Ново апсење на северот на Косово: Приведен Србин во Митровица

Од:

Ново апсење утрово во Митровица, а како што дознава Косово онлајн, специјалните единици на косовската полиција привеле Србин Н.О., кој работи во локално комунално претпријатие.

Апсењето се случило во близина на автобуската станица, кога специјалните сили на косовската полиција со оклопни возила го опколиле, а потоа го привеле Н.О.

Засега не е позната причината за неговото апсење.

Oд доаѓањето на албанските градоначалници во општините на северот на Косово досега се уапсени осум Срби, а жителите на Грачаница и Ранилуг вчера протестираа поради апсењето на Драгиша Миловановиќ.

Протестите пред општинските згради во Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток влегоа во 26-ти ден.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина