Новите членови на грчката Влада денеска положија заклетва пред претседателот Прокопис Павлопуло, откако премиерот Алексис Ципрас вчера смени дел од министрите.
Тројца од десетте нови членови на Владата положија религиозна заклетва. Тоа се вториот министер за финансии Трифон Алексиадис, заменик-министерот за внатрешни работи Јанис Аманатидис и заменик-министерот за труд, социјално осигурување и социјална солидарност Павлос Хајкалис.
Цивилна заклетва положија министерот за производствено преструктурирање, животна средина и енергетика Панајотис Скурлетис, министерот за за труд, социјално осигурување и социјална солидарностЈоргос Катрунгалос, вториот министер за внатрешни работи и административно преструктурирање Христофорос Вернардакис, вториот министер за национална одбрана Димитрис Вицас, вториот министер за внатрешни работи Сија Анагностопулу, заменик-министерот и владин портпарол Олга Геровасили и заменик-министерот производствено преструктурирање, животна средина и енергетика Павлос Полакис.
– Сегашната реконструкција на Владата е со цел адаптирање на новата реалност, која бара од нас напорно да работиме за да им олесниме на граѓаните, истакна Скурлетис.
Ципрас ја напушти претседателската резиденција без да даде изјава.