На петтиот ден од потрагата по исчезнатиот сплиќанец, во Белград се појавија нови снимки. Прикажани се две различни сцени, пред клубот „Готик“, каде последен пат е виден Матеј Периш.
Како што може да се види на првата снимка, младиот човек за кој се сомневаат дека е Матеј истрчал од клубот „Готик“. На друго видео се гледа како тој се спушта во реката.
Денеска во потрагата се вклучија и припадници на нуркачката единица на Жандармеријата, кои на неколку локации нуркаа во Сава и го бараа телото. Според неофицијални информации, утрово нуркачите најпрво нуркале во делот на реката пред клубот „Готик“ каде последен пат бил виден несреќниот млад човек, известуваат српските медиуми.