Дождот кој вчера го зафати Обреновац, предизвика нови поплави, пренесуваат српските медиуми.
-Со обилните дождови се повтори ситуацијата како со поплавите. Во мојот двор имаше вода од 15 сантиметри, а во зградите во близина водата се врати од тоалетите, бидејќи канализацијата не можеше да ја собере сета вода, поради што становите се мокри – вели Драган Мурар од населбата Рвати во Обреновац.
Е.Г.