Нови мерки на грчката Влада за поддршка на економијата

Од:

Намалување на ДДВ-то на производите неопходни за заштита од коронавирусот; надомест од 800 евра за секој вработен чија работа е прекината поради вонредните владини мерки; одложување на плаќањето даноци за компаниите; финансиски средства за бизнисите погодени од кризата, се дел од мерките во висина од 3.8 милијарди евра, што денеска ги соопштија министрите за финансии, труд и развој на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Се наоѓаме на почетокот на битката, битка за која сè уште не ги знаеме интензитетот и големината. Според тоа, ќе следат и други пакети мерки за да излеземе победниците од битката, со најмалку можни социјални и економски загуби, рече министерот за финансии на Грција, Христос Стајкурас.

Голем дел од мерките за бизнисите и компаниите како главен предуслов го имаат задржувањето на посотечките работни места, односно да нема отпуштања на вработени.

-Работодавачот се обврзува да ги задржи работните места, да нема отпуштања и обврска да се задржи работниот мир. Работникот се обврзува да се прилагоди кон оваа тешка работна средина и да покаже толеранција додека не се надмине кризата. А државата се обврзува на сите, да им обезбеди безбедна средина за справување со овие исклучително тешки и вонредни околности. Кризата мора обединети да ја надминеме, рече Стајкурас.

На денешната прес конференција, детално ги презентираше и образложи, како што рече, десетте основни оски на вториот пакет мерки на владата и рече дека според процените, околу 220 илјади приватни бизниси со околу 600 илјади вработени, целосно или делумно прекинале со работа, а околу 100 илјади бизниси со над 200 илјади вработени, иако не се затворени со владина одлука, сепак ги трпат економските последици од коронавирусот.

-Сите вработени на кои привремено им е прекинат нивниот договор за вработување, поради прекинување на работењето на компанијата по наредбата од државата, ќе добијат надомест од државниот буџет, на почетокот на април, во висина од 800 евра. Буџетскиот трошок за март и април за околу 500 илјади работници, достигнува до околу 400 милиони евра, соопшти министерот за финансии на Грција.

Стајкурас објасни дека освен две милијарди евра, за конкретните мерки ќе се искористат дополнителни 1,8 милијарди евра од специјалниот европски инвестициски фонд.

За медицинските маски и ракавиците, за антисептичките раствори, марамчињата и други препарати, за сапуните и другите препарати за лична хигиена, како и за етил алкохолот, доколку се користи како суровина за производство на антисептици, ДДВ-то се намалува од 24 на шест отсто до крајот на годинава со цел да се намали цената на конкретните производи.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Грција: Се удави маж од Србија, телото пренесено во Солун на обдукција

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Туристите и граѓаните на Грција добија предупредување за лошо време на северот од земјата

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето