Грчкиот претприемач Василис Пападопулос во име на Саудиска Арабија преговарал со грчкото Министерство за одбрана продажба на муниција на Саудиска Арабија, докажува документ кој го објави весникот „Та Неа“.
Во март годинава посредникот побарал од Министерството за одбрана да извезе муниција за Саудиска Арабија преку фирмата „Олимпиаки виомиханиjа“ од градот Кукуш.