Нови апсења во Србија: Уапсени се двајца осомничени за повикување на насилна промена на власта

Од:

Уапсени се уште двајца осомничени за повикување на насилна промена на власта. Станува збор за Д.С. и Д.С. Со ова бројот на уапсени се искачи на осум.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, во заедничка акција со припадници на Министерството за внатрешни работи на РС и БИА, претходно уапсени се шест лица под сомнение дека сториле кривично дело Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија во врска со кривичното дело Повикување на насилна промена на уставниот поредок од член 309 од Кривичниот законик.

Уапсените се и Л.С. од Заечар, И.М. од Смедерево, Л.С. од Крагуевац, Б.Б. од Белград, Н.П. од Сомбор и Д.Д. од Ниш.

Постојат основи за сомнение дека осомничените, на 20 јуни 2025 година, во просториите на Електротехничкиот факултет и на 21 јуни 2025 година, во просториите на Градежниот факултет во Белград, меѓу другото, планирале и подготвиле напад врз државните институции, блокади на патиштата и клучна инфраструктура низ целата земја, со цел насилно менување на државниот поредок.

Исто така, на состанок во просториите на Градежниот факултет во Белград, наводно било потврдено дека „ултиматумот“ за одржување избори бил само изговор за употреба на насилство, бидејќи, според учесниците на состанокот, дури и ако барањето за одржување избори во август било веднаш прифатено, тие нема да победат на тие избори.

На осомничените им е наредено да бидат притворени до 48 часа, во кој рок ќе бидат приведени на сослушување.

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ