Нова помош од САД за Албанија да се справи со епидемијата

Од:

Американската Амбасада во Тирана преку Твитер објави дека САД и доделиле на Албанија дополнителни 346.000 долари за да помогнат во справувањето со пандемијата со Ковид-19.

Станува збор за средства кои САД ги доделуваат во рамки на програмата „Flag of United States” во вкупен износ од 11 милиони долари, а се наменети за борба против опасниот вирус ширум светот.

„Владата на САД, преку УСАИД Албанија обезбеди дополнителни средства во износ од 346.000 американски долари за да и помогне во борбата против пандемијата. Овие средства претходно беа објавени како дел од заложбата на Владата на Соединетите држави во борбата против Ковид-19 ширум светот, во вкупен износ од 11 милиони американски долари се наведува во објавата на Твитер на американската амбасада во Тирана.

Во средината на минатиот месец за истата цел, САД на Албанија и додели дополнителни финансиски средства во износ од 900.000 долари.

Со тоа вкупната американска помош за Албанија, за справувањето со пандемијата, како што тогаш информираше амбасадата, достигнала два милиони долари, намети за лаборатории, техничка помош, како и за истражување случаи.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина