Нова демократија бара одговори од грчката Влада

Од:

Грчката опозициска партија Нова демократија бара одговори од грчката Влада за вчерашните ставови на премиерот Зоран Заев, изнесени на прес конференцијата во Скопје во однос на тоа дали Алексис Ципрас веќе прифатил признавање на македонски јазик и македонски идентитет, дали се повлекол од националната позиција за ерга омнес име и дали веќе се обврзал да дозволи интеграција на Македонија во НАТО, „без да бидат отстранети од Уставот сите неприфатливи иредентистички наводи“.

-Премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави дека не само што „во принцип веќе постои договор“ со Алексис Ципрас, туку дека „Грција ќе испрати писмо до НАТО за ПЈРМ да добие покана за членство во Алијансата. Откри дека „македонскиот“ јазик и идентитет на граѓаните на неговата земја „веќе се гарантирани од планираниот договор со Грција“ и дека и самиот „копнее за Македонија во која граѓаните се ослободени од предрасудите и стравовите од минатото“, пишуваат од Нова демократија во соопштението со прашања до грчката Влада и бараат Ципрас и Каменос „престанат да се кријат“ и веднаш да ги известат грчките граѓани.

Како што утрово јави дописничката на МИА од Атина, од кабинетот на Ципрас одговорија дека Нова демократија не треба да брза, бидејќи до овој момент не постои никаков договор и ги повторија позициите на грчката Влада дека предуслов за решение и интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ е договор за сложено име со географска или временска одредница, ерга омнес, за што предуслов е уставна ревизија.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција