Нова демократија бара известување од Коѕијас за информациите на Милошоски

Од:

Oпозициската Нова демократија, преку надлежниот за надворешна политика Јоргос Кумуцакос, бара известување од грчкото МНР за информациите на поранешниот шеф на македонската дипломатија, односно како што пишуваат во соопштението, „за јавно изразениот став на поранешниот министер за надворешни работи на Скопје, Антонио Милошоски според кој Алексис Ципрас е подготвен да ја обврзе земјата со договор со ПЈРМ“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од Нова демократија соопштуваат дека вчера во 17.45 побарале информации од Никос Коѕијас, а до моментот на издавање на денешното соопштение-12.40, не добиле никакво известување.

– Очигледна цел на господата Ципрас и Коѕијас е да ги одведат земјата и граѓаните пред свршен чин. Уште еднаш го предупредуваме премиерот: не поседува политички легитимитет да ја обврзе земјата и ќе има комплетна лична одговорност ако се согласи за договор што ќе заврши врз интересите на Грција, соопштуваат од Нова демократија.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција