Нов земјотрес во БиХ, 16-ти во последниве седум дена

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран минатата ноќ во реонот на градот Гламоч во западниот дел на Босна и Херцеговина.

Ова е 16-ти земјотрес регистиран на територијата на БиХ во последниве седум дена, од кои најголемиот дел, дури 11, беа на подрачјето на Зеница.

Според босанскиот Федерален сеизмолошки завод, епицентарот на земјотресот од минатта ноќ бил на 13 километри југозападно од Гламоч. По овој биле регистрирани уште неколку вторични потреси, меѓу кои најсилниот бил со интензитет од 3,7 степени според Рихтер.

Претходно, најсилниот земјотрес во БиХ во последните седум дена беше регистиран во реонот на Зеница минатата сабота со интензитет од 4,6 степени.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина