Нов земјотрес во Аматриче

Од:

Не се смирува тлото во Италија. По катастрофалниот земјотрес, утрово е регистриран нов потрес во централниот дел на Италија, во местото Аматриче, кое речиси беше срамнето со земја во разорниот земјотрес кој во средата го погоди овој дел на Италија.

Американскиот геолошки институт наведува дека најновиот земјотрес бил со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала, додека италијанскиот геолошки институт објави дека потресот бил со јачина од 4,8 степени.

На овој земјотрес, во текот на ноќта, му претходеле десетина послаби потреси, јавија италијанските медиуми.

Во последните два дена, по разорниот земјотрес, регистрирани се повеќе од 500 потреси.

Италијанската служба за цивилна заштита, во меѓувреме, објави дека во силниот земјотрес кој во средата ја погоди централна Италија, загинале 250 лица, а 365 биле повредени. Се наведува дека околу 200 жртви биле извлечени од урнатините само во местото Аматриче.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски