Нов земјотрес од 5,1 степени ја стресе Албанија: Оштетена болница

Од:

Нов земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди пошироката област Драч во Албанија. Според косовските медиуми оштетена е една болница.

Тоа е еден од најсилните земјотреси во регионот по катастрофалниот земјотрес во кој загинаа 40 лица.

Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од два километра, а е забележан на 25 километри од Драч, или на 48 километри од албанската престолнина Тирана. Засега нема официјални информации.

Приштинскиот весник „Коха диторе“ објави дека е оштетена болницата од која пациентите панично истрчале надвор, но лекарите, наводно, останале во болницата. Полицијата пристигнала на местото на настанот за да им помогне.

Албанците не спијаат мирно веќе две ноќи, а илјадници спијат надвор од своите домови.

Во земјотресот во вторникот ја погоди Албанија загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 650 се повредени. Оттогаш, регистрирани се над 500 последователни земјотреси.

Уништени многу станбени згради, а екипите за спасување работат на ископување и лоцирање на лицата по коишто се трага.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици