Нов земјотрес на границата меѓу Црна Гора и БиХ

Од:

Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала ја погоди по 13 часот по локално време околината на Плужина, на границата меѓу Црна Гора и БиХ, што е втор потрес на тоа подрачје денеска.

Од црногорскиот Сеизмолошки завод е соопштено дека новиот потрес би можел да предизвика помали материјални штети.

Земјотресот бил на 10 километри југозападно од Плужина, во близина на границата на Црна Гора и БиХ. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 13 км.

На границата меѓу Црна Гора и БиХ претходно денеска е регистриран уште еден земјотрес со интензитет од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси