Нов договор за поморската граница меѓу Албанија и Грција

Од:

Албанија и Грција ќе подготват нов договор за територијалните води меѓу двете земји, бидејќи договорот од 2009 година е неважечки.

Ова во сабота во Тирана го изјави албанскиот шеф на дипломатијата Едмонд Панарити, кој за првпат јавно проговори за деталите околу средбата со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос во Атина.

Панарити рече дека и Атина е согласна со овој заклучок, и покрај тоа што Грција до скоро нагласуваше дека за неа важи договорот за територијалните води од 2009 година.

„Лично му реков на Аврамопулос дека по одлуката на Уставниот суд на Албанија за нас договорот од 2009 година не постои. Ние треба да започнеме да работиме на нов договор кој нема да биде спорен”, рече Панарити.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција