Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун реши да го назначи поранешниот министер за надворешни работи на Норвешка Еспен Барт Ејде за нов специјален советник за проблемот за Кипар.
Педесетгодишниот норвешки дипломат ќе го замени на функцијата Австралиецот Александар Даунер, кој беше преместен на друга функција.
Според извори на весникот, назначувањето на Еспен Барт Ејде се очекува да биде објавено во наредните денови, бидејќи била постигната согласност меѓу двете страни за неговото именување.
Тоа е првиот Европеец, кој се назначува за специјален советник на генералниот секретар на ОН за проблемот за Кипар од 1974 година досега.