„Њузвик“: Поранешни соработници на Трамп ангажирани како лобисти на Додик

Од:

Поранешните соработници на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Џејсон Осборн и Мајк Рубино се ангажирани како лобисти за политичка партија во БиХ, која фаворизира сепаратизам и соработува со Русија, тврди магазинот „Њузвик“ повикувајќи се на документи на владата на САД.

Озборн и Рубино, блиски пријатели и деловни партнери на поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Кори Левандовски, сега ја помагаат партијата на Милорад Додик, претседател на Република Српска, тврди тој магазин.

„Њузвик“ потсетува дека американското министерство за финансии го санкционира Додик минатата година за одржување референдум за прослава на Ден на РС.

Официјални лица во Вашингтон тогаш утврдиле дека референдумот ги попречува напорите за имплементација на Дејтонскиот договор од 1995 година, со кој беше ставен крај на војната во БиХ, бидејќи ги дискриминира оние кои не се Срби.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука