Ништо не пречи ако примите различни вакцини, вели српски доктор

Од:

Доктор Дејан Баскиќ од Медицинскиот факултет во Крагуевац, каде е спроведено истражување за веројатноста од заразување од Ковид-19 кај вакцинираните и невакцинираните пациенти, вели дека „никако не може да пречи ако некој добие две различни вакцини“ и дека според него, најдобро е да се вкрстат, односно да се комбинираат вакцините.

„Сите овие вакцини се правени на различни платформи, имаат различни механизми на дејство, па со комбинирањето на две различни вакцини, би сме си ја прошириле јачината на имунскиот одговор. И Фајзер и Астразенека и Модерна и Спутник“ развиваат одговор на имунитетот само на „С“- протеинот, којшто е најважен, но е еден и единствен, додека кинеската развива на сите компоненти на вирусот. Така, кога тој мутира, тој најчесто тоа го прави на тој „С“-протеин, па тука нема да може да помогне Фајзер или спомнатите вакцини, но можеби ќе помогне кинеската,“ изјави Баскиќ во гостување на телевизијата „Н1“.

Тој додава дека едно скорешно истражување покажало дека за бразилскиот сој на коронавирусот, успешноста на Фајзер и Астразенека многу повеќе опаѓа отколку кај кинеската вакцина, токму поради тоа што таа го содржи целиот умртвен вирус.

„Неминовно ќе имаме трет циклус на вакцинација наесен или следната зима, коронавирусот влезе во човечката популација и ние веќе нема да се ослободиме од него. Јас очекувам тој да влезе во годишната вакцинација, како вирусот на грип. Не гледам зошто би било проблем ако во првата фаза ја примам вакцината на Фајзер, наесен да се вакцинирам со кинеската или некоја друга вакцина,“ наведува докторот, велејќи дека немало основа за паника во неколкуте пријавени случаи во Србија, во кои луѓе примиле различни вакцини.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија