Нишани го предложи Генти Сејко за нов гувернер на албанската Централна банка

Од:

Албанскиот претседател Бујар Нишани, за нов гувернер на Централна банка го предложи Генти Сејко.

Указот на Нишани, кој треба да добие подршка од Парламентот, се образоложува со фактот што станува збор за личност со големи менаџерски способности,висока професионалност и морален интегритет и образование.

-Генти Сејко има над 20-годишно искуство на различни функции во банкарскиот систем и има големи познавања во албанскиот и меѓународниот банкарски систем. Има специјализации во сферата на банкарството во повеќе западноевропски земји.Сето тоа го прави сериозен кандидат кој поседува највиоски стандарди кои се потребни за функцијата Гивернер на Централна банка на Албанија, -стои меѓу другото во образложението.

На објавениот конкурс од страна на Претседателот аплицирале 42 лица, при што 17 од кандидарите ги исполнувале условите во целост, но како што недоамна изјави Нишани, додека седум од нив биле во најтесниот круг како најпрофесионални во банкарскиот систем.

Информациите говорат дека Нишани имал средба со Сејко и оти тој се согласил да застане на чело на Централна банка, која повеќе месеци е без гувернер, по големиот скандал со „исчезнувањето“ од банкарски трезор на седум милиони долари, по што гувернерот Ардиан Фулани беше притворен а потоа пуштен во домашен притвор.

Сепак последниот збор го имаат пратениците. Последната седница за оваа календарска година е закажана за 18 декември. Нема инфирмации дали указот за нов гувернер ќе биде на разгледување на оваа или парламентот ќе има итна седница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“