Николиќ: Во Сребреница немало геноцид

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ за италијанскиот весник „Кориере дела Сера” изјавил дека во Сребреница не се случил геноцид, јави радиото Б92.

„Во Сребреница немало геноцид. Станува збор за индивидуална вина на одделни Срби. Српскиот парламент го осуди овој чин, но не рече дека тоа било геноцид. Ниту еден Србин не признава дека во Сребреница имало геноцид, посочува Николиќ за италијанското издание пред неговата посета на Рим.

Српскиот претседател рече дека Радован Караџиќ и Ратко Младиќ треба да бидат сметани за невини додека Трибуналот во Хаг не ја докаже нивната вина.

Во интервјуто за „Кориере дела Сера” Николиќ нагласува дека „Европа може да бара сè од Србија, но не и да го признае Косово”.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија