Николиќ се заложи за референдум во врска со независноста на Косово

Од:

Српскиот претседател Томислав Николиќ се заложи за референдум, на кој народот треба да се произнесе за прашањето за независноста на Косово, пишуваат денеска српските весници.

– Време е да кажеме цврсто и јасно која е црвената линија, која Србија не може да ја помине. На Косово и Метохија имате различни ситуации. Има дел каде нема Срби и таму приштинската администрација има апсолутна власт. Вториот дел е каде мнозинството се Албанци, а Србите се во енклави и тука повторно Приштина има власт. Третиот дел е каде мнозинство се Срби, каде нема Албанци и каде приштинската администрација нема никакви ингеренции. Би требало да се види што може да се направи и на кој начин, истакна Николиќ.

Според него најпрво треба да се конституира заедницата на српските општини и да не се прифатат барања на Приштина.

– Не треба да се прифати сугестијата од Брисел да се укинат сите паралелни интитуции во северно Косово, бидејќи тоа значи дека сме се откажале од принципите што сме ги зазеле, изјави Николиќ.

Тој прецизираше дека е можно да се заземе нов пристап во врска со четирите општини кои се со мнозинско српско население.

Николиќ вели дека премиерот Александар Вучиќ на почетокот на февруари во Брисел ќе има тежок состанок и дека „голем дел од тоа ќе биде појасно и ќе се бара став од Собранието што може да се застапува, а што не“.

Николиќ заклучува дека решението за Косово е референдум.

– Референдум мора да има, граѓаните мора да одлучат и тоа така треба да биде. Ако граѓаните решат да се прифати независнота на Косово јас ќе заминам од функцијата што ја извршувам, додаде српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ