Николиќ: Ќе ги исполниме условите, но не го даваме КиМ

Од:

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ, изјави дека ќе ги исполнат сите услови на ЕУ, но никогаш нема да ја признаат независноста на Косово.

 

Николиќ денеска се сретна со грчкиот претседателот, Карлос Папуљас во рамките на неговата посета на Грција.

Тој рече дека геополитичките прилики во поширокиот регион се чувствителни и поради тоа Грција и Србија, како земји со историско-пријателски врски, се должни да покажат солидарност за критичните национални прашања.

Николиќ додаде дека зачувувањето на суверенитетот на Србија, за што земјата има поддршка од Грција, е национален интерес, а исто така и официјална Атина може да смета на помошта на Србија.

„Србија ќе и помогне на Грција ако сака да реши некои свои проблеми. Ние го имаме пријателството, довербата и угледот за да можеме да помогнеме на народите кои всушност не се во кавга, да се смират“, изјави Николиќ

Грчкиот претседател пред Николиќ го изнесе ставот на официјална Атина по прашањето за Кипар и околу спорот за името со Македонија. Папуљас нагласи дека Грција го поддржува европскиот пат на Србија и дека основна политика на земјата е стабилноста и мирот на Балканот.

„Поради остварување на заедничката европска цел и консолидација на стабилноста во Србија, го поддржуваме вклучувањето на сите земји на Западен Балкан кон ЕУ“, рече Папуљас.

Двајцата претседатели констатираа дека Србија и Грција немаат ниту еден отворен проблем или прашање, туку само пријателство „кое никогаш нема да престане“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции