Жан Пол Жак, независен експерт именуван од високиот претставник на ЕУ, Федерика Могерини да направи извештај за обвинувањата за корупција, вели дека таа мисија не успеала да се избори со корупцијата.
Мисијата Еулекс годишно чини 111 милиони евра, и не успеа да ја совлада корупцијата, наведува Жак во извештај, пренесуваат приштински медиуми.
Во извештајот тој оценува дека и судството на Косово не е во состојба да се соочи со корупцијата и организираниот криминал и споменува скандали во кои се споменуваат официјални лица од Еулекс.
Суспендираната обвинителка Марија Бамие изнесе низа обвинувања за корупција во еулекс за што зборуваше и во одборот за надворешна политика во ЕП каде нагласи дека високи официјални лица од Еулекс проневериле бројни фондови наменети за борба против криминал и корупција.