Невреме во Сараево, авионите пренасочени во Белград и Загреб

Од:

Силното невреме во Сараево и намалената видливост предизвика проблеми во доцните попладневни часови и протокот на воздушниот сообраќај.

Два авиони не успеаја да слетаат и беа пренасочени кон аеродромите во Белград и Загреб, пренесува порталот Кликс.

Авион на компанијата „ФлајДубаи“, кој леташе од Дубаи кон Сараево требаше да слета на аеродромот во Сараево во 5.55 часот. Тој кружеше околу половина час, но не успеа да слета и полета за Белград.

Авионот „Јуровингс“ од Штутгарт, кој требаше да пристигне во 17.10 часот, беше пренасочен кон Загреб, по 10-минутно кружење над сараевскиот аеродром.

Би можело да ве интересира

Сараево – најдепресивен град на Балканот

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница