Неуспешен обид за убиство на албански новинар во Тирана

Од:

Новинарот-уредник на албанската телевизија „Њуз 24“, Артур Чани синоќа бил нападнат од непознато вооружено лице кое вперило пиштол во него, но кога се обидело да пука, оружјето блокирало, јави дописникот на МИА.

Според телевизијата, маскираниот маж со пиштол со пригушувач го чекал Чани во влезот на зградата во која живее и се обидел да му пука во грб.

Чани изјави дека тој и не забележал ништо кога влегол во зградата, но почуствувал дека некој е зад него, веднаш влегол во лифтот и заминал дома.

Момче од истата зграда видело три лица како бегаат и по прегледо на снимката од безбедноста камера на која се видел обидот за убиство, ги известило Чини и полицијата.

– Со никого немам никакви нерасчистени односи. Дури не сум се ни скарал со никого. Најверојатно ова е поради емисијата „Кактус“ која има истражувачки карактер. Деновиве поради закани еден новинар се откажа од работата во емисијата. Но, мене не може никој да ме заплаши, јас останувам тука, изјави Чана.

Полицијата нема официјални информации за мотивите за нападот, ниту за сторителите. На местото на настанот пристигнал и директорот на тиранската полиција Ардиан Чипа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“