Непал објави список на исчезнати туристи, од регионов на листата една Србинка

Од:

Непалските власти објавија список на туристи кои се водат како исчезнати по страшните поплави што оваа недела ја погодија земјата. Меѓу исчезнатите е и државјанка на Србија, Ениса Лековиќ.

На списокот се наоѓаат 537 лица, а меѓу исчезнатите туристи нема македонски државјани.

Најголем број исчезнати туристи има од Индија, САД, Австралија, Велика Британија и Украина.

Како што беше претходно објавено, катастрофалната буична поплава во близина на непалската граница со кинески Тибет најверојатно била предизвикана од уривање на глечер.

Сателитските снимки на компанијата „Planet Labs“ покажуваат дека долниот дел од глечерот се одвоил на надморска височина од околу 5.200 метри и се урнал во дното на долината.

Според анализите на експертите, голем дел од глечерското дно се урнал како лавина од мраз и карпи, повлекувајќи со себе огромни количества карпи и седимент директно во реката Лхенде, со што била предизвикана разорната буица.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 1.344, речиси 5.000 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

Силен земјотрес го погоди Тибет

Бројот на жртви во поплавите во Непал достигна 903

Непал: Властите веруваат дека речиси 1.000 работници се заробени во тунели

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Тибет достигна 676