Немири на мигрантите стационирани во британската воена база на Кипар

Од:

Во британската воена база Акротири, на Кипар, избувнале немири, што ги предизвикале бегалците и мигрантите, во најголем број Сиријци, кои таму се  привремено сместени.

Во соопштението на Министерството за одбрана во Лондон се вели дека имало „серија„ од различни протести и немири на овие луѓе кои се обидувале да ја напуштат британската база.

Најнасилните демонстранти ги палеле шаторите и се обидувале да се искачат по високата жичана ограда, протестирајќи против сместувањето и извикувајќи дека „не се животни, туку луѓе„.

Во лондонското министерство објаснуваат дека станува збор за само нешто над сто лица, кои во кипарската база се наоѓаат од минатиот месец.Таму се привремено сместени, додека не заврши постапката за добивање азил, што ја вршат кипарските власти.

Британската воена полиција успела да воспостави ред во базата.На сослушувањата, мигрантите се жалеле дека немаат топла облека и чевли, затоа што повеќето се дојдени со папучи на нозете.

Неколкумина од демонстрантите се заканувале со самоубиство, додека британските воени власти објаснуваат дека сите добиваат секој ден по три оброци, имаат засолниште и можност за комуникација.

Во Акротири се сместени 67 мажи, 19 жени и 28 деца.Некои од нив сакаат да останат на Кипар, додека другите повеќе сакаат  да бидат префрлени во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение