Неизвесна е судбината на музичкиот фестивал Егзит. Што ќе се случува со најголемиот музички хепенинг на екс Ју просторите ќе се знае најдоцна до средината на следниот месец – најавиле Бојан Бошковиќ, Душан Ковачевиќ и Иван Миливојевиќ кои се основачи и сопсвеници на брендот Егзит.
Соочени со бројните проблеми, троецот, според пишувањата на српските медиуми, најавува дека текот на разговорите одел во насока дека на фестивалот му се потребни итни концепциски промени и иновации, но дека останува и под знак прашање одржувањето на 14. издание. Ако воопшто се одржи, можно е тоа воопшто и да не биде во Нови Сад или на Петроварадинската тврдина, туку се размислува за нови локации или друг град.
„Егзит е врзан за тврдината и за Нови Сад и Србија. Фестивал кој создаде добар имиџ за земјава во светот. А и средствата кои државата ги вложува во фестивалот, и се враќаат двојно. Според податоците на USAID изминатите две години во Нови Сад се потрошено 15 милиони евра“ – кусо изјавил Ковачевиќ.
Егзит последните години прерасна во еден од најпознатите европски и светски фестивали.