Не се планира интервенција на Косово, но како војник не можам тоа да го исклучам

Од:

Милан Мојсиловиќ, началник на генералшабот на српската војска по зајакнатото присутво на косовската војска на граничниот премин со Србија кажа дека безбедносната ситуација е комплексна и со тензии.

-КФОР има одговорност да обезбеди стабилна состојба на целата територија на Косово. Ние сме заинтересирани за нашите граѓани, не само на северот на Косово туку и на југот, на целата територија.

Според него, има постојана комуникација со КФОР, како и размена на информации.

-Претседателот на Србија е определен за мирно решение на прашањето за Косово, па во моментов не се разгледува воено интервенирање, но јас како војник таа можност не можам да ја исклучам, наведе Мојсиловиќ.

Генералот на српската војска истакна дека војници се распоредени по целата должина на административната граница.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски