НАТО гарантира безбедност на КиМ

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен изјави дека НАТО е подготвено се уште да гарантира за безбедност на Косово и да го оневозможи обидот да се уништи напредокот.

Расмусен ја повтори поддршката на НАТО и рече дека договорот кој што го постигнаа Белград и Приштина во април, треба да се оствари и дека тоа дава надеж за подобра иднина.

Косовскиот премиер, Хашим Тачи истакна дека Србија треба да продолжи да го применува договорот, како што и Косово е определено за тоа.

Генералниот секретар на НАТО, при посетата на КФОР на Косово, се сретна со Тачи, министрите за безбедност, Агим Чеку и Далибор Јевтиќ и истакна дека силите на КФОР се подготвени да помогнат за остварување на бриселскиот договор за прашања, во кои се бара вклучување на меѓународните мировни сили.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он