Наставничкиот совет ќе ги избрка учениците кои и го повлекоа столчето на наставничката од Трстеник

Од:

Наставничкиот совет на Техничкото училиште од Трстеник донел одлука да ги избрка учениците кои кои брутално се изживуваа врз наставничка, повлекувајќи ѝ го столчето на кое седеше, пренесуваат српските медиуми.

Активот на директори на основните и средните училишта во Трстеник вчера најостро го осуди насилството што се случи во Техничкото училиште и побара сторителите на инцидентот да бидат казнети.

Активот по средбата излезе со заеднички став, целосна поддршка за нападнатата професорка по англиски јазик Марија Стевановиќ и вработените во училиштето.

„Недозволиво е некој да биде изложен на насилство и да се чувствува небезбедно во својата околина или на работното место“, изјави Милена Турк, претседателката на општината, која ја иницираше средбата на Активот.

Во Техничкото училиште во Трстеник пред една недела се случи инцидент во кој учествуваа тројца ученици и еден наставник. На социјалните мрежи беше објавено видео од непримерниот настан, а многумина го осудија однесувањето на учениците кои ја снимиле професорката додека ја малтретирале.

Наставничката која беше жртва на немилиот настан во изјава за српските медиуми рече дека не била ни свесна за тоа што се случило на часот. Дури кога дошла дома и синот и го покажал видеото, сфатила што ѝ се случило.

 

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија