Шефот на албанската држава Бујар Нишани започна да го комплетира својот кабинет.
Она што посебно паѓа в очи е фактот што Нишани за политички советник го избрал 30-годишниот Лека Втори, наследникот на албанскот кралски трон.
Лека Втори, кој течно говори четири јазици: албански, англиски, француски и италијански, доаѓа од функцијата советник на министерот за надврошени работи.
Досегашниот генерален секретар во Министертвото за внатрешни работи Флориан Нури, каде што Нишани пред изборот беше министер, ќе биде шеф на кабинетот на претседателот, додека советник за безбедносни прашање е Баки Салиху, досегашен советник во парламентарната комисија за безбендост.
На функцијата генерален секретар е именуван Бард Спахиа, поранешен заменик министер за здравство. Новинарката Ирма Топтани е новиот портпарол, додека поранешниот албански амбасадор во Канада, Бесник Кончи е дипломатски советник.