Почетокот на воената операција на турската армија против силите на сириските Курди на територијата на Сирија не е прашање на денови, туку на часови, објави агенцијата Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган уште во саботата ја најави можноста за воена операција против против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на градот Африн,
– Доколку терористите во Африн не се предадат, Турција ќе ги уништи за една недела, изјави Ердоган на собир во турскиот округ Елјазаг.