Напнато во Звечан: Косовски специјалци, слетал и хеликоптер на КФОР

Од:

Косовската полиција во Звечан во моментов се обидува да изврши нови апсења на Срби, дознава Косово онлајн.

Речиси истовремено со информациите за акцијата на косовската полиција во Звечан, локални жители на косовскиот онлајн портал пријавиле дека хеликоптер на КФОР слетал во Житковац, во оваа општина.

Главната улица во Звечан е блокирана од двете страни, пишува Косово онлајн, а припадниците на специјалната единица моментално се во населбата „Колонија“.

Граѓаните се видно вознемирени, бидејќи наеднаш се појавиле неколку возила од кои излегле специјалци и се позиционирале околу зградите.

Се претпоставува дека обидот за апсење го вршат полицајци во цивил, додека возилата на специјалните единици се наоѓаат на неколку раскрсници во Звечан, а два џипа се паркирани на раскрсницата кај бензинската пумпа.

Во нив има неколку припадници на специјалните единици со пушки и целосна воена опрема.

Тие на социјалните мрежи наведуваат дека Звечан и две околни села се под блокада. Никој од граѓаните засега не знае за што се работи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина