Нападнат автобус со српски деца во Приштина

Од:

На два автобуси во кои биле ученици од српска националност фрлени се молотови коктели додека поминувале низ Приштина од правец на Газиместан. 16 патници се повредени од кои еден потешко.

Врз автобусите било фрлано и со бетонски коцки и камења, а од здравствениот дом во Грачаница потврдуваат дека се донесени 16 деца на возраст од 8 до 16 години, кои со автобус се враќале од Газиместан.

Српскиот патријарх кој на Грачаница држеше парастос пред неколку илјади Срби го осуди и овој и другите инциденти кои се случија во текот на денов.
За време на службата припадници на десничарски организации од Србија скандираа „дајте ни оружје“ по што интервенираше Патријархот Иринеј.

Тој ги замоли да не провоцираат објаснувајќи им дека суштината е поинаква на служењето на парастос на Газиместан.
На прасотосот присуствуваа неколку илјади Срби од Србија, Црна Гора, Република Српска, а меѓу присутните беше и рускиот амбасадор во Белград, Александар Конузин.

По целиот пат Приштина-Косовска Митровица се наоѓаат голем број припадници на полицијата.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски