Налепници со хрватско знаме на двојазичните табли во Вуковар

Од:

Група претставници на здружението на бранители на Вуковар, поставуваат налепници со хрватско знаме, над натписите на двојазичните табли на државните институции во Вуковар, пренесуваат хрватските медиуми.

Акцијата е во знак на протест против поставувањето на двојазичните табли во градот.

По присуството на комеморацијата во Борово по повод 23. годишнината од убиството на 12 полициски службеници, група бранители се упатиле кон Вуковар. Бранителите поставиле налепници со хрватско знаме на сите двојазични табли во градот.

Полицијата не се обидела да ги спречи во нивната намера. Налепниците со хрватско знаме се уште стојат на двојазичните табли, освен на зградата на полицијата во Вуковар.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег