Најмалку 44 луѓе загинаа во поплавите во БиХ, во Србија и во Хрватска

Од:

Најмалку 44 луѓе загинаа во попавите во последните четири дена што ги зафатија БиХ, Србија и Хрватска.

– Во Обреновац пронајдени се 12 безживотни тела, се стравува дека нивниот број е поголем, а едно лице починало од природна смрт, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Со жртвите од Обреновац бројот на загинати во Србија се искачи на 16 лица.

Во БиХ властите соопштија за најмалку 27 загинати, а во Хрватска утрово загина еден маж.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ денеска потврди дека е пронајдена првата жртва во поплавите што ја зафатија земјата. Тој наведе дека жртвата е маж, но не го откри неговиот идентитет. Уште две лица се водат како исчезнати, по кои продолжува потрагата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица