Најмалку 40 деца во кампови на Крит и на Халкидики во Грција заразени со коронавирусот

Од:

Најмалку 40 деца и неколку возрасни во два летни кампови во северна Грција и на Крит се заразиле со коронавирусот, јавија денеска локалните медиуми.

Првото жариште е регистрирано во камп во регионот Ханија во западниот дел на Крит, каде биле заразени повеќе од 30 деца и одреден број вработени, јави весникот „Катимерини“.

Според zarpanews.gr, се верува дека вработените во кампот знаеле за заразите уште во понеделникот, но на почетокот го негирале нивното постоење.

Летниот камп ќе биде затворен до 15 јули и ќе се бара негативен брз тест од сите деца кога повторно ќе се отвори. Исто така нема да бидат дозволени посети.

Второто жариште е регистрирано во северна Грција, во регионот на Халкидики, каде се заразени 14 тинејџери.

Децата на возраст меѓу 13 и 17 години родителите веднаш ги однеле од кампот. Официјални претставници на кампот изјавија дека испразниле шест единици во кои биле сместени заразените деца. Кампот, патем, е домаќин на стотици деца секоја сезона, претежно од Солун и Халкидики.

Би можело да ве интересира

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина

Мицотакис: Грција се соочува со сериозни демографски проблеми