Најмалку 11 лица загинаа денеска во Анката кога автобус удри во постојка, јавија турските медиуми.
Повредени се најмалку седум луѓе, кои чекале автобус на постојката во квартот Дикимеви.
Според дел од турските медиуми автобусот удрил во постојката поради откажување на сопирачките.
На местото на несреќата имаше и тензии меѓу насобраниот народ и полицијата. Припадниците на безбедносните сили употребија солзавец за растурање на насобраниот народ.