Најмалку 11 лица загинаа, a 34 се повредени во автобуска несреќа во Хрватска

Од:

Автобус со полски регистерски таблички излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб и според првичните информации има неколку загинати и повредени, јавуваат хрватските медиуми.Несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец, пренесува „Вечерњи лист“. Ангажирани се неколку екипи на брза помош од Вараждинската жупанија и од Загреб.

„Јутарњи лист“ пишува дека најмалку 11 лица загинале на лице место, а дека 34 лица се повредени, главно полесно. Сепак, додаваат тие, овие неофицијални бројки можеби не се конечни.

Според првите информации, автобусот околу 5.30 часот излетал на потегот од Брезнички Хум до Комин, во правец кон Загреб. Полициската управа Вараждин наведува дека точната локација е помеѓу Јарек Бишашки и Подворец.

Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално се претпоставува дека возачот најверојатно заспал на воланот.

Полицијата е на местото на настанот и истрагата е во тек, а на локацијата се повикани екипи на итната помош и пожарникари кои помагаат во извлекувањето на жртвите.

– Според досегашните информации, во сообраќајната несреќа загинале неколку лица, а поголем број се тешко повредени. Заедно со полициски службеници од ПУ Вараждин и ПУ Загреб, на местото на настанот се ангажирани неколку екипи на Институтот за итна медицинска помош од областа на Вараждинската жупанија и Загреб, како и неколку екипи на пожарникари од двете жупанија, полицијата објави.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ

Земјотрес ја погоди Хрватска