ФОТО: Најавени најмасовни протести во Сараево за усвојување на законот за ЕМБ

Од:

Пред зградата на Парламентот на БиХ денеска се очекуваат најголем број демонстранти кои бараат итно усвојување на законот за единствен матичен број. Се очекува доаѓање на повеќе од пет илјади граѓани од сите делови на Босна и Херцеговина, јавуваат локални медиуми.

Масовно собирање најавија за напладне претставници на невладини организации, студенти, пензионери, таксисти, невработени.

najaveni-protesti-bih

Преку социјални мрежи се повикани сите граѓани на државата за да им покажат на властите и меѓународната заедница дека не отстапуваат од своите намери во борбата за права на децата, која како што наведуваат ја нарушиле домашни поитичари.

Освен усвојување на законот, тие ќе бараат и формирање државен фонд за солидарност од кој би се помагало за лекување на граѓани на државата.

najaveni-protesti-bih1

Од политичарите ќе бараат откажување од 30 отсто од своите примања до крајот на мандатот во корист на тој фонд. Протестите почнаа на 5 јуни.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина