Над 50 проценти од Црногорците ќе гласаат за членство на земјата во НАТО

Од:

Доколку во Црна Гора кон средината на октомври се организираше референдумот за членство на земјата во НАТО на него ќе се изјаснеа 75 проценти од граѓаните со право на глас, покажа последната анкета на агенцијата „Ипсос стратеџик маркетинг“, објаеван во весникот „Побједа“.

Од нив 56 проценти би гласале „за“, а 44 проценти „против“ членството на Црна ГОра во Алијансата, покажа анкетата спроведена врз репрезентативен примерок од 1.015 лица, а која била спроведена во периодот од 8 до 16 октомври.

Агенцијата коментира дека бројот на луѓето кои го поддржуваат членството во НАТО во текот на октомври е поголем од просечниот во последните 16 месеци и се доближува до нивото на поддршка што беше регистрирано во февруари минатата година.

Интересно е дека на евентуалниот референдум за членство на земјата во НАТО би гласале повеќе граѓани отколку што излегоа на парламентарните избори.

Според истото истражување, рејтингот на највлијателната партија од владеачката коалиција- Демократската партија на социјалистите, расте и таа во моментов ја има поддршката од 45 проценти од граѓаните, што  е за три проценти повеќе во споредба со претходната анкета од септември.

Опозициските партии: Демос, Демократски фронт и Социјалистичката народна партија, пак, имаат доверба од 13, осум, односно седум проценти од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Протест во Подгорица против владината најава да ја поддржи Резолуцијата за Сребреница во ОН

(ВИДЕО) Полуматуранти запалија училиште во Подгорица: славеле крај на основното образование

Катерина Ѓуровски

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

Пензиониран полицаец во Подгорица си ги уби синот и сопругата па се самоуби

Две лица се ранети во престрелка во Подгорица

Горан Наумовски