Над 5.500 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во Атина на годишнината од студентскиот бунт против хунтата

Од:

Под драконски безбедносни мерки и оваа година ќе биде Атина во пресрет на 17 ноември кога се одбележува годишнината од студентскиот бунт против хунтата, а според грчките медиуми ангажирани ќе бидат над 5.500 полицајци, јави дописничката на МИА од Атина.

Денеска започна тридневната прослава, која в четврток ќе кулминира со традиционални собири и протестен марш од Политехничкиот факултет (онаму каде што започна бунтот во 1973 година) до американската амбасада во Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, безбедносните мерки во Атина се идентични со оние од 2019 година, односно пред пандемијата, а освен над 5.500 полицајци, ангажирани ќе бидат дронови и хеликоптер, полицајци во цивил, како и цистерни со вода во случај да има инциденти.

Министерот за цивилна заштита на Грција Такис Теодорикакос говорејќи за грчката телевизија „Скај“ вчера повика мирно да се одбележи годишнината од бунтот.

-Грчката полиција и Министерството во многу тесна соработка со ректорските власти и организаторите, ги презедовме неопходните мерки за заштита на безбедноста на луѓето кои ќе протестираат, на луѓето кои ќе се движат во останатиот социјален и економски живот на градот, а секако и на имотите на луѓето. Барам од организаторите, од сите кои ќе учествуваат, да придонесат за прославата да биде апсолутно мирна, истакна Теодорикакос.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уште четворица повредени вечерва од Скопје ќе бидат префрлени во Атина

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина

Силен земјотрес во Грција

Грција ги затвори училиштата и стави клуч на Акропол поради екстремните температури

A1on

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот